Достоинство почна со потписи за референдум - ова се референдумските прашања

Стојанче Ангелов и неовата партија Достоинство почна да собира потписи за референдум. На него ќе бара граѓаните да се изјаснат за територијалната организација, амнестија на Законот за автентично толкување, статусот на борците на ОНА, како и за тоа дали поранешните припадници на ОНА можат да бидат носители на високи функции во државата. 

Ангелов се надева дека потписите ќе бидат собрани брзо и дека ќе се овозможи на референдум граѓаните да се изјаснат дали се за или против четирите прашања кои ќе ги постави партијата. 
 
Денеска потписи се собираа во скопските општини а утре во Струга и Кичево
 

 Референдумските прашања по иницијативата на Достоинство би требало да изгледаат вака:

1) Дали сте за или против Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија?

2) Дали сте за или против автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија со кое се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршувањето на казната затвор извршители на воени злосторства против цивили во конфликтот од 2001 година?

3) Дали сте за или против припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да вршат јавни функции во Република Македонија?

4) Дали сте за или против припадниците на ОНА, кои учествувале во конфликтот во Република Македонија во 2001 година, да добијат посебни права утврдени со закон?

најчитано сега