Пајакот вчера направил парче низ Скопје

Сообраќајната полиција вчера откри и казни 30 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Осум од нив со своите возила се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Казнети и исклучени од сообраќај се и шестмина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол. Казни заработија и осуммина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со специјалното возило „пајак“ сообраќајната полиција отстранила 89 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во рамки на превентивните активности, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира сообраќајна поука, која ќе се одржи во Полициската станица од општа надлежност „Гази Баба“ со почеток во 19 часот. На поуката ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи кои со возилата непрописно се престроиле пред крстосница, што не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилата, како и возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движењето.

За денеска не се најавени вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

23.01.2014 - 10:58
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега