Канибалист спасил тројца Англичани откако препознал дека му биле колеги на Окдфорд!

Бизарен наслов и уште побизарна приказна кои датираат уште од 1922 година, деновиве станаа хит на социјалните мрежи. 

Водач на канибалисти спасил тројца Англичани од врел казан откако препознал дека тие му биле колеги на Оксфорд! Ова е насловот кој го шокираше светот и деновиве стана вистинска сензација на Интернет. Оваа приказна е објавена во "Њујорк Тајмс" во 1922 година, а се претпоставува дека е вистинита. Според пишувањата, тројца Англичани биле фатени од канибалисти кои се спремале да ги изедат, се додека нивниот водач не препознал дека тоа му се колеги со кои порано студирал на Оксфорд, па им наредил на канибалистите да ги пуштат и ги оставил да си одат.

- Јас сум поинаку облечен па не ме препознавате, но јас ве знам. Сега одете, ве пуштам на слобода, им рекол тој на тројцата колеги.

Инаку, на Твитер се води расправа дали е ова најдобриот наслов напишан некогаш во историјата на новинарството.

23.01.2014 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега