Доктор Хаус ја бојкотира руската водка- добра е за чистење рерна!

 

Британскиот глумец Хју Лори се придружи на масовниот бојкот против руската водка.

Лори кој се прослави со улогата на доктор Хаус за кој доби два Златни глобуси повика на бојкот против рускиот пијалок поради строгите анти-геј закони во Русија.

"Би ги бојкотирал руските производи кога би можел да се сетам барем на еден прозвод кој го произведуваат а не го прави светот депресивен. Руската водка е добра, доколку треба да ја исчистите рерната" напишал на својот Твитер профил Доктор Хаус.

Неговите пораки наидоа на остри реакции во Русија, а мегу првите кои реагираа беше Варламов кој е познат руски блогер.

 

23.01.2014 - 10:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега