Кристина Ковач: „Шоуто изгуби две слатки, вредни и харизматични кандидатки“

Во синоќешната  емисија на шоуто X-фактор, излезе групата H2O, а нивната менторка Кристина Ковач по емисијата прокоментира:

-Иако знаев дека испаѓање на некоја од моите групи ќе се случи кога тогаш, чувството воопшто не е пријатно. Фифи и Маринела се две прекрасни и храбри девојки, многу се врзав за нив, како и за другите мои кандидати и тешко ми беше синоќа кога жирито изгласа нивно излегување. Шоуто изгуби две слатки, вредни и харизматични кандидатки, но сигурна сум дека и двете ќе го искористат шоуто како добра отскочна даска за понатамошен развој и успеси. Јас сум секогаш тука да ги посоветувам и да им помогнам, каде и да затреба, на мене можат да сметаат! - вели Кристина.
22.01.2014 - 17:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега