ВИДЕО: И Фифи влезе во Собрание - Милошоски го замолкна Макрадули
Зошто да не ја цениме Фифи како пее на Х-фактор, туку како се претставува, рече тој за време на расправата за законот за медиуми.
Пратеникот на владејачката партија, Антонио Милошоски, реплицираше, објаснувајќи го законот, но одговори и на провокацијата со Фифи.
-Во однос на тој Фифи или таа Фифи, не сме го гледале до полноќ работевме на Комисија, ако ви е добар, ако ја сакате, сакате да ја промовирате, земете ја таа Фифи дома, земете ја во кампањи. Промовирајте ја Фифи во вашата изборна програма, рече Милошоски.
Тој се осврна на Законот за медиуми и говорејќи за времето кога СДСМ беше на власт и која Црвенковски лично тужеше новинар, го замолкна Макрадули.
-Овој закон кој го критикувате е многу поголем, поширок и подолготраен од вашата критика која е дневнополитичка. Се повикувате на новинари и различни медиуми, зависно од времето како ви одговара. Ќе ве потсетам на еден случај, 16-ти октомври 2006-та година, тужител Бранко Црвенковски, тужен Никола Младенов, рочиштето трае само три часа, новинарот е осуден на 30.000 евра. Да плати што нанел клевета и навреда на тужителот. Макрадули таа година е пратеник во ова Собрание. Макрадули во 2006-та ниту еднаш не излегол на говорницада го одбрани весникот, да се заложи за слобода на медиумите, рече Милошоски.
Целиот говор погледнете го во продолжение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа