Ќе се воведе зонско паркирање во поширокото подрачје на Скопје ако дозволат општините

Директорот на Јавното претпријатие „Градски паркинг“, Борче Јакимовски, вели дека се планира да биде воведено зонско паркирање во поширокото подрачје на Скопје, во целиот град, доколку општините го дозволат тоа. Тој во интервју за Дневник, изјавува дека е предвидено годинава да бидат отворени нови 2.131 паркинг-места од кои за зонско паркирање се 1.261 место, а во зонското паркирање ќе влезат и Автокоманда, Ново Лисиче, Kарпош 1, Kарпош 2, Kарпош 3, Kарпош 4, Kисела Вода, Водно, Влае и Ѓорче Петров. 

- Програмата за инвестиции, која предвидува отварање нови паркинг-зони во повеќе населби во Скопје, не значи и нејзина реализација. Јавното претпријатие, кое обавува јавна дејност паркирање, има цел да биде во функција на граѓаните и да им го олесни овој дел од комуналната сфера. Ние, согласно правилникот за работа, за да отвориме нови паркиралишта, треба да добиеме иницијатива или од граѓани или од општина. Потоа, на основа на тие барања се спроведува анкета со граѓаните и ако се покажат позитивни резултати, и секако, ако соодветната општина одобри, претпријатието ќе го отвори паркингот, вели Јакимовски.

Тој додава и дека програмата ќе опфати повеќе површини. - Не станува збор за цели населби, туку зонското паркирање планираме да го воведеме само на одредени улици. Ние треба да имаме испланирани активности. Што ќе се случи ако некоја општина во текот на годината ни побара зонско паркирање на одредена улица, а ние ја немаме во инвестициската програма?, вели Борче за Дневник и додава дека ако се воведе зонското паркирање во нови населби, ќе биде бесплатно за станарите, а гостите ќе плаќаат од час.

Како што пренесува Дневник, новите населби што ќе станат дел од зонското паркирање ќе бидат во т.н. бела зона, каде што паркирањето е најевтино и чини 15 денари од час. 

22.01.2014 - 11:38
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега