ВИДЕО: Швеѓани го менуваат светот - домаќинки заборавете на миењето чинии!

Верувале или не, научници од Шведска направија чинии кои дефинитивно ќе и го олеснат животот на секоја домаќинка. Се работи за чинии кои се сто проценти од целулози поради штп никогаш нема да мора да се мијат. 

Студиото за дизајн “Tomorrow Machine” произведе чинии и чаши од целулоза кои се неверојатно цврски и не мора да се мијат. 

- Со производот ќе заштедите, не ви треба ни вода ни прашок за да биде чист, велат од студиото.

Тајната на овие садови е во тоа што материјалот станува цврст како керамика, но е далеку помек и не се крши. Површината е отпорна на вода и на нечистотии, па по јадењето сама се чисти.

Ова не само што штеди време и многу им помага на домаќинките, туку и ја заштитува околината, штедејќи вода и енергија.

погледнете...

21.01.2014 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа