Ангеловски рапсали: Евтино се продадовме, летаа глави, се делеа пасоши
По поразот од Исланд Бранисла Ангеловски очигледно е ракометарот кој прв „пукна“
„Разочаран сум од овој меч, но и севкупно од шампионатот бидејќи иако пласманот е солиден, верувам дека имавме сили за многу повеќе. Евтино ја продаваме националната гордост, она фантастично петто место од пред само две години. Непотребно летаа глави, се делеа пасоши на играчи и со самото тоа го нарушивме она што го имавме и што го градевме. Не бевме чисти пред Бога и затоа бевме казнети онаму каде најмногу не заболе, преку повредата на Наумче Мојсовски. На овој меч, погрешната измена на Прибак го сопре нашиот добар ритам и го сврте мечот“, изјави Ангеловски по поразот од Исланд, а потоа и додаде:
„Баш би сакал некој да ми каже ’Клајте голои’ на српско-хрватски“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа