Лисичани утре ќе останат без вода

Како што соопштија од регионалниот  центар за управување со кризи на Град Скопје во текот на утрешниот ден во периодот од 9:30 часот без вода ќе останат жителите од населбата Лисиче.

Причината за прекинот со водоснабдување е вметнување  на нов затворач на водоводна мрежа со пречник од Ф – 150 мм на ул. „12-та Ударна Бригада“ бр. 79 во Лисиче, а ќе трае до завршување на работите.

20.01.2014 - 13:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега