Полицијата му заѕвонила на врата а тој скокнал од балкон и се искршил

45 годишен жител на хрватското место Добрање заработил тешки телесни повреди во обид да и побегне на полицијата која му поставувала службена пошта. Како што пренесуваат хрватските медиуми, 45 годишниот маж кога забележал дека сплитската полиција му е пред врата, во обид да побегне скокнал од блаконот на семејната куќа и си ја скршил клучната коска. Полицијата го уапсила и го однела во притворското одделение на локалната болница од каде по кратка итервенција е предаден на суските играни кои треба да одлучуваат по налогот за апсење кој за него пристигнал од Германија

20.01.2014 - 13:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега