Ристовски: Пакети со облека за социјално загрозените семејства
11.235 повеќедетни смејства, згрижувачки семејства и семејства со самохрани родители, ќе добијат пакети со облека од Министерството за труд и социјална политика, најави денеска министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.
Денеска министерот Ристовски истакна дека овие пакети се донација од Mezitli Social Welfare and Solidarity Endowment од Мерсин, Турција и дека ова е правиот начин да се искористи запленетата текстилната роба и обувките на Царина.
- “Како министерство за труд и социјална политика и како Влада на Република Македонија продолжуваме да работиме на унапредување на политиките во насока на давање секаков вид поддршка на семејствата којшто имаат потреба од нас, имајќи предвид дека државата секогаш била репрезентативен заштитник на семејството” , изјави Ристовски.
За таа цел, министерството и Владата организираат настан на 18 мај на Школка во Градскиот парк во Скопје, кој ќе трае од 12 до 14 часот, на кој е предвидена забава за овие семејства. На настанот се поканети сите граѓани.
ФОТО: МИА