Франција и Чешка во рецесија
Според францускиот институт за статистички и економски студии (ИНСЕЕ) ВБП на Франција се намали за -0,2 отсто во првото тримесечие на 2013 година, со што Франција влегува во рецесија, јавува дописникот на МИА од Париз.
Ова намалување на економијата следува по падот од 0,2 отсто во четвртото тримесечие во 2012 година. Истовремено, француската влада не ги промени превизиите и смета на економски пораст од 0,1 процент за 2013 година, убедена дека ќе има реприза на економијата во второто пологодие на годинава.
Засега индексот за развојот за 2013 година е на -0,3 отсто на француската економија.
Чешката економија останува во рецесија, најдолго во модерната историја на земјата.
Според, податоците на Заводот за статистика (ЧСУ) во првото тромесечје од годинава економијата ослабела за 0,8 проценти, односно во споредба со истиот период минатата година за 1,9 проценти.
На резултатите делувала слабата надворешна побарувачка и нерамната наплата на даноци.
- Тоа, дека чешката економија на почетокот на годинава се уште не излезе од рецесија, всушност се очекуваше, но реалниот пад на Бруто домашниот производ (БДП) делуваше како студен туш, оценува економистот Патрик Рожумберски.