Султан Сулејман си ја отвори душата: Моето детство беше вистински пекол

Турскиот актер Халит Ергенч, нам познат како Сулејман Величенствениот од популарната серија, си ја отвори душата и раскажа дека имал тешко детство. 

 43– годишниот Халит цврсто гази со двете нозе на земја, а за разлика од богатството и славата кои ги има денес, имал многу тежок живот особено во детството. Тој дел од животот го одбележала неговата помала сестра Азад која е родена со ментално нарушување, па родителите биле повеќе насочени кон грижата за неа.

-Моите родители се разделија кога јас одев во основно училиште, а и пред разводот ситуацијата меѓу нив беше напната. После тоа мојот татко повремено доаѓаше дома, а во мене уште тогаш се јави потреба за бегство, раскажува Халит.

Тој додава дека за да преживее правел се, продавав влезници, носев костим на робот и играв на фестивали.

-Бев „шворц“ и ми требаа пари, а за мене трагично беше да играм во детски театар. Додека ја работевме „Кралот лав“ често бев пијан на сцената. Мојата ситуација беше очајна. Тогаш стигна понуда од Турција, се сеќава Халит

Сепак, и покрај тешкото минато денеска може да се пофали како еден од најуапешните турски актери.

19.01.2014 - 12:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа