ФОТО: Нов модерен објект ќе го краси Скопје

Официјално денеска беше поставен камен-темелникот на новиот објект на Турскиот театар во СКопје. На означувањето почеток на градбата присуствуваше и премеирот Никола Груевски, кој денеска има набиена агенда.

 -Уметноста е процес, а не производ и затоа ние треба да ја поддржиме. Половина век Турскиот театар е двигател на македонската театарска уметност и досега 40 години заедно делеаобјект со Албанскиот театар за конечно пред една недела да започне реконструкцијата на Албанскит театар и денеска изградбата на Турскиот театар, вели премеирот.

Турскиот театар ќе биде модерен објект кој ќе го краси Скопје  и ќе биде на 8 нивоа од кои 5 надземни и 3 подземни, со капацитет за 450 посетители.

-Културата на една држава во многу нешта зависи од почитувањето и афирмацијата на културните различности кои опстојуваат на нејзиниот простор. Различностите се богатство на државата по кое таа е препознатлива во светот, богатство кое треба да се негува и да се користи како извор на креативен потенцијал, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која денеска присуствуваше на поставувањето камен-темелник заедно со премеирот Груевски.

Во текот на изминатите седум децении овој ансамбл создаде специфичен и креативен театарски израз кој ја промовираше турската театарска традиција во културниот живот во нашата држава. Токму затоа Владата на Република Македонија и Министерството за култура го поддржаа проектот за изградба на новиот современ објект на Турскиот театар, додаде Канческа Милевска.

18.01.2014 - 13:20
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега