Мртов маж во тоалетот на скопски ГТЦ

Мртов маж попладнево околу 18 часот бил пронајден во толаетот на скопскиот Градски трговски центар. Како што дознава Press24 од полициски извори, во Брза помош било пријавено дека се уште неидентификуван маж, лажи мртов во толаетот на трговскиот. Екипа на Брзата помош веднаш пристигнала на местото, но можела само да констатира смрт. Според првичните и се уште неофицијални информации, на телото на починатиот маж, немало траги на насилство. Од полицијата и официјално го потврдуваат случајот но не откриваат повеќе детали. Нема информации ниту за идентитетот на мжаот ниту пак за неговата возраст.

17.01.2014 - 21:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа