Кралицата Елизабета по четврти пат доби правнуче

Бакингамската палата денеска соопшти дека внуката на британската кралица Елизабета, Зара Тиндал, стана мајка, откако во кралската болница во Глостершир роди ќерка.

Новороденото кралско бебе се уште нема име, но девојчето е веќе ставено како 16-то во редот на претендентите за британскиот престол. Бебето е четвртото правнуче што го доби кралицата од тројца нејзини внуци.

Зара Филипс е ќерка на принцезата Ана, второто дете на кралицата и сестра на престолонаследникот Чарлс. Таа во јули 2011 година се венча во Единбург со англискиот рагбист Марк Тиндл, поранешен капитен на репрезентацијата на Англија. 

17.01.2014 - 15:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега