Македонските ракометари пред огромен предизвик - утре на пресметка со најгрубата репрезентација на ЕП
Унгарија која важи за најгруба екипа на ова европско првенство ќе биде нашиот прв противник во сабота во втората фаза од натпреварувањето. Статистиката вели дека Унгарија досега имала 19 исклучени играчи во трите одиграни меча. Притоа Унгарците заработиле еден црвен катрон и десет жолти. На листата на ферплеј тие се најдоа на последното место.
Ние на оваа листа котираме на четвртото место со 12 исклучени играчи, 9 жолти картони и ниту еден црвен.
Првиот меч го играме во сабота со почеток во 16:00 часот. Унгарците во втората фаза се пласираа без ниту една победа, а нивниот учинок се две нерешени средби и еден пораз.
Останува да видиме како ќе се справиме со најгрубата селекција на ЕП во Данска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа