Пау Гасол го пропушта ЕП во Словенија

Најдобриот шпански кошаркарски репрезентативец Поу Гасол, нема да настапи на престојното Европско првенство кое што ќе се одржи во СЛовенија, на кое што „шпанската фурија“ ќе треба да ја одбрани титулата. Неиграњето на НБА играчот, се должи на операцијата која што ја имаше на 9 мај, по што лекарите процениле дека неговата рехабилитација нема да му дозволи да настапи на првенството. Сепак се очекува центарот да биде подготвен за почетокот на следната НБА сезона, а веднаш потоа и да и се врати на репрезентацијата. Шпанија ќе биде домаќин на следното СП кое што ќе се случи во 2014 година. 

најчитано сега