Изложба на артефакти од културното наследство на Азербејџан во Старата скопска чаршија
Во Националната галерија „Чифте Амам“ во Старата чаршија денеска ќе биде отворена изложба на артефакти од Историскиот музеј на Царината на Азербејџан.
На изложбата ќе се обратат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, директорот на Царинската управа Ванчо Каргов и директорот на Царинската служба на Азербејџан, Ајдин Алиев.
Изложбата ќе биде поставена до сабота, a на неа ќе бидат презентирани вредни артефакти од културното наследство на Азербејџан.
ФОТО: Влада