Конференција за партнерство со медиумите до нулта толеранција за семејно насилство

 

Денеска во Скопје ќе се одржи панел дискусија на тема „Во партнерство со медиумите до општество со нулта толеранција за семејно насилство“, на која ќе се обратат министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, амбасадорот на Кралството Холандија, Марике Шурман и в.д постојаниот претставник на УНДП, Алесандро Фракасети.

Панел дискусијата се организира во рамки на проектот „Превенција на семејно насилство преку компетентни национални институции“, што го имплементираат УНДП  и UN Women во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Академијата за судии и јавни обвинители, собраниската Комисија за еднакви можности на мажите и жените, Женскиот парламентарен клуб и граѓанскиот сектор. 

најчитано сега