Американски доктор ќе се спаси од смртна казна иако убивал бебиња

 

Американскиот доктор Кермит Гонсел, од Филаделфија, е обвинет за вршење на абортуси кај жените во последната фаза од бременоста, но истиот постигнал договор со обвинителството, кое му овозможи да се спаси од смртна казна.  

Според договорот, Госнел (72) ќе добие најмалку две казни доживотен затвор и ќе се откаже од правото да поднесува жалби на пресудата, која ќе му биде изречена за убиство на една жена и најмалку четири бебиња.

Пресудата се очекува денес.

Госнел првично беше обвинет за седум убиства на бебиња, додека обвинителството оценува дека вистинскиот број на бебиња убиени во забранетата процедура на абортус во последните фази на бременоста. Клиниката на Госнел во сиромашна, главно афроамериканска населба во Филаделфија, не ги одбивала бремените пациентки кои доаѓале за абортус, независно во кој период од бременоста доаѓале.

Морничавите детали кои произлегоа од судењето на Госнел ја шокираа јавноста во САД. Докторот ги породувал жените, а потоа бебињата ги убивал со ножички. Една жена го обвинува Госнел дека дури принудно и извршил абортус, откако таа се предомислила и побарала да ја пушти да замине. 

најчитано сега