Експертите повикуваат на брзи мерки против глобалното затоплување

Според експертите на ОН нивото на глобално затоплување драстично се зголемува и доцнењето со мерките за дејствување против оваа појава ќе ги намали можностите за справување со климатските промени.

Освен неопходноста од брзи мерки, во документот се констатира дека и покрај националните политики, емисиите на јаглерод диоксид и на другите штетни гасови глобално пораснале за 2,2 отсто годишно во периодот 2003-2010 година.

Ваквите заклучоци се наведени во извештајот на Меѓувладината комисија за климатски промени, која претсавува орган финансиран од ОН што се занимава со обезбедување научна основа во преговорите за климата.

17.01.2014 - 09:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега