По инцидент со високи потпетици Мадона заврши со патерици

Холувудската 55 годишна ѕвезда  Мадона “куцa од болка” во нејзиниот дом во Њујорк откако се повредила при еден енергичен танц на високи потпетици.

Моментално пејачката носи патерици бидејќи како што изјави нејзиниот портпарол ја набила коската но за околу една недела би требало да се чувствува подобро.

Инцидентот веројатно се случил во Ротердам, каде ѕвездата била со својот пријател Тимор.

Мадона не е првата ѕвезда, која се повредила од носење на неудобни чевли. Истата лоша среќа ги снајде Кели Озборн, актерката Сара Џесика Паркер и дизајнерката Викторија Бекам. 

16.01.2014 - 16:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега