Филип Алтипармаковски директор за Европа на ОМД

Обединетата македонска дијаспора го назначи го назначи Филип Алтипармаковски за член на Бордот на директори и директор за Европа.

- Ми претствува особена чест што сум поканет да станам член на глобалниот Борд на ОМД и да станам директор за Европа. ОМД е единствената македонска организација во странство којашто професионално ги застапува интересите на Македонците ширум светот, изјави Алтипармаковски.

Претседавачот на Бордот на ОМД, Стојан Николов, истакна дека како холандски и македонски државјанин со образовна позадина во областа на меѓународните односи и правото, Филип Алтипармаковски е идеалниот кандидат за застапување на нашите интереси и иницијативи во Брисел.

16.01.2014 - 14:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега