ЕУ: И во Македонија намерно се абортираат женските бебиња

 

Европскиот комесар за човекови права, Нилс Муижниекс, истакна дека и во Македонија намерно се абортираат женските фетуси. Според Муижниекс абортусите кои треба да се забранат добро се познати во Кина и Индија, како и во дел од европските земји меѓу кои и Косово, Црна Гора и Македониjа.

- Таа голема дискриминација во пракса доаѓа од загрозената положба на жената во општеството. Мора енергично да се бориме против ваквата ситуација и треба итно ваквата појава да се забрани со закон, вели еврокомесарот за човекови права.

Според него, земјите-членки на ЕУ се вознемирени од односот кон нееднаквоста на машки и женски дечиња.

16.01.2014 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега