Ѓорѓиев: При реализација на проектите нема да се дозволи загрозување на животната средина

 

Ставот на македонската Влада во однос на реакцијата од еколошките здруженија дека со изградбата на „Луково поле“ и „Бошков мост“ ќе се загади животната средина, е дека при реализацијата на проектите нема да се дозволи загрозување на животната средина или на еколошкиот баланс.

- При реализацијата на проектите ќе се води максимална сметка за почитување на еколошките стандарди и за почитување на животната средина за што се изготвуваат поголем број студии во кои се вклучени и релевантни странски меѓународни организации кои ќе имаат удел во реализацијата на проектите и кои даваат уште еден дополнителен гарант дека нема да биде преземено нешто што би значело нарушување на еколошкиот баланс и загрозување на животната средина, истакна Ѓорѓиев на денешната прес-конференција во Владата, одговарајќи на новинарски прашања.

16.01.2014 - 13:51
Фото: 
влада.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега