Велешанка е првата жртва на грипот во Македонија - еве ги деталите

Грипот кој зема замав во Македонија за жал ја зеде и првата жртва. Се работи за шеесет и седум годишна жена од Велес која синоќа починала на Клиниката за инфективни болести во Скопје од вирусот од типот А Х3Н2. 

Директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ денеска изјави дека пациентката имала хронична опструктивна белодробна болест, срцева слабост, дијабетес и бубрежна болест. Пациентката била на Клиниката два дена, а поради другите болести, грипот само ја влошил состојбата.

Инаку, на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 90 до 100 пациенти од кои половината се со грип, а во Македонија до сега се регистрирани 1.941 случаи со грип кој зема се поголем замав.

16.01.2014 - 13:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега