Ова се сите можни комбинации за македонските ракометари

Пет позитивни и четири негативни комбинации се во игра пред вечерашниот меч на македонската ракометна репрезентација против Австрија, анализира Курир. Еве ги комбинациите кои не водат во втората фаза и оние кои ни го резервираат билетот за назад, во Македонија

Позитивни комбинации

1. Победи на Македонија и на Данска (или реми на Данска): понатаму одат Данска со четири (или три), Македонија со два и Австрија без бодови.
2. Победи на Македонија и на Чешка: понатаму одат Чешка со три, Данска со два и Македонија со еден бод.
3. Реми на Македонија, победа на Данска: понатаму одат Данска со четири, Македонија и Австрија со по еден бод.
4. Реми на Македонија, реми на Чешка: понатаму одат Данска со четири, Австрија и Македонија со по еден бод.
5. Пораз на Македонија до три разлика, секој пораз на Чешка: понатаму одат Данска со четири, Австрија со два, Македонија без бодови.

Негативни комбинации

1. Реми на Македонија, победа на Чешка: понатаму одат Чешка, Данска и Австрија со по два бода.
2. Пораз на Македонија, победа на Чешка: понатаму одат Чешка, Данска и Австрија со по два бода.
3. Пораз на Македонија со четири или повеќе разлика, пораз на Чешка со еден разлика: понатаму одат Данска со четири, Австрија со два и Чешка без бодови.
4. Пораз на Македонија, реми на Чешка: понатаму одат Данска со три, Австрија со два, Чешка со еден бод.

16.01.2014 - 13:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега