Стартува македонската „Државна видео лотарија“ - обложување преку интернет

„Државната видео лотарија“ која ќе ги регулира интернет игрите на среќа ќе стартува до крајот на месец март или почетокот на април оваа година

Ова денеска го истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев кој посочи дека досега интернет игри на среќа во Македонија не постоеле и многу финансиски средста се одлевале надвор од држвата во странски интернет игри.

Во Државната видео лотарија 51 отсто учество ќе има Државната лотарија на Македонија, а нејзин партнер со 49 отсто учество ќе биде светски реномираната компанија во оваа област „Австрија Казино“.

Државната лотарија на Македонија нема да има директен финансиски учинок, а „Австрија Казино“ во овој проект на самиот почеток ќе вложи 6 милиони евра.

-Со реализацијата на овој преокт и неговото профункционирање ќе се остварат поголем број на цели како поголема регулација на самиот систем на организирање на интернет игри на среќа, но она што е најважно е дека во идниот период нема да имаме одлив на значителни милионски суми на средства надвор од Р.Македонија како што тоа се правеше во перодот кога ваков тип на игри на среќа не беа организирани од домашен субјект, изјави Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека тоа дополнително значи поголеми приходи во Буџетот на Р.Македонија по основ на определени даноци и поголем број на средства за оние ставки што се финансираат преку добиени средства од организација на игри на среќа како што се повеќе средства за здравство, екологија, за помош на ранливи групи и останати целни групи кои што целосно или делумно се финансираат.

Европската практика покажала дека по регулацијата на оваа област од страна на државата и со учество на државата покрај овие позитивни фискални ефекти се дестимулира играњето на среќа и паѓа бројот на играчи што е на линија на заштита и на општествениот интерес.

16.01.2014 - 13:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа