Стапка на инфлација во ЕУ на годишно ниво остана стабилна

 

Податоците на Евростат  покажуваат дека стапката инфлација во Европската унија на годишно ниво минатиот месец остана стабилна на ниво од еден процент.

Највисока инфлација имало во Естонија, Австрија и Велика Британија по два отсто и Финска  во 1,9 проценти.

Во еврозоната, пак, инфлацијата се намалила на 0,8 отсто во декември од ноемвриските 0,9 проценти.

Најголемо влијание на порастот на инфлацијата во еврозоната имале поскапувањто на електричната енергија , цигарите и ускугите во кафулињата и рестораните, додека намалување на цените имало кај телекомуникациите за 0,14 отсто, горивата за транспорт 0,13 и медицинските услуги 0,07 проценти. 

16.01.2014 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега