Повторно се лета од аеродромот "Александар Велики"

Авионскиот сообраќај од скопскиот аеродром е конечно нормализиран. Иако утрово поради маглата беше реализирано само едно полетување за Дортмунд, а останатите летови беа откажани, сега се реализирани слетувања од Виена и се очекува да слета авионот од Дубаи, а полетани се авиони кон Базел и се очекува да полетаат кон Виена и Дубаи.

Инаку, еколку дена на скопскиот аеродром не се реализираат поголем дел од летовите поради густата магла која прави проблеми.

16.01.2014 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега