Нимиц нема да зборува за спорот со името пред Европскиот парламент

 

Метју Нимиц, посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, нема да зборува пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент во февруари, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Како што велат од службата за печат  на Комисијата за надворешни работи Метју Нимиц не е поканет да зборува за преговорите кои се водат меѓу Скопје и Атина за името.

Од Комисијата истакнуваат дека иако обично се канат надворешни гости за да го искажат своето мислење пред европратениците за одредени прашања, но посредникот на ОН во спорот со името меѓу Македонија и Грија не е поканет.

16.01.2014 - 12:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега