Насилници од Сарај претепале младо момче со шипки и стапови

Триесет минути по полноќ синоќа на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, неколку непознати лица физички го нападнале 26-годишниот скопајнец Ј.Ф.

Според податоците од полицијата, насилниците ја отвориле вратата од возилото во кое се наоѓало младото момче и со шипки и стапови почнале да го удираат по главата и телото. По преземени мерки и активности утврден е идентитетот 26-годишниот Д.В. и 20-годишниот Ј.М. од Сарај против кои ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

16.01.2014 - 12:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега