Се жалела на болки во коленото - докторите останале шокирани

 

Една жена од Јужна Кореја отишла на лекар со болки во коленото, а откако и го снимиле докторите останале шокирани. Оваа 65-годишна жена во коленото имала дури 100 златни игли кои се користат за акупунктура.

Како што пренесува Дејли Меил, таа одела на вакви третмани и сеанси кај еден свој пријател, кој намерно ги оставил иглите за да и се ублажи болката. И покрај тоа што земала лекови чуствувала ужасна болка па морала да отиде на лекар, каде ги запрепастила дури и нив.

Жената не би можела да оди на магнетна резонанца бидејќи скенерот може да ги помести иглите и да и ја оштети артеријата.

16.01.2014 - 12:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега