Намалена продажбата на нови автомобили во Европа

 

Како што пренесува “АФП “ во 2013 година продажбата на автомобили во Русија се намалила за 5,5 отсто по одбележан рекорден раст од 11 отсто во претходната година, односно во 2012-та.

Русија воедно претставува втор по големина автомобилски пазар во Европа.

Во изминатите 12 месеци автомобилските компании продале 2,78 милиони нови автомобили и помали камиони.

„Годината беше помешана, сложена, па Русија ќе се задржи на второ место во Европа по обемот на пазарот на автомобили“, изјави претседателот на AEB, Јерг Шрајбер.

Извршните директори на произведувачите на возила и натаму веруваат дека руската средна класа долгорочно ќе ја поддржува продажбата. Не предвидуваа уште една криза, но ги загрижува продолжениот период на пад на продажбата.

16.01.2014 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега