Скоро цела зима Скопје без аеродром

Само еден авион утрово полетал од пистата на аеродромот Александар Велики во Скопје. Поради магла, возсушниот сообраќај во македонската метропола е блокиран.

Според информациите објавени на веб страницата на аеродромот, рано утринава полетал само авион на компанијата „Визер“ за Дортмунд, додека летовите за Загреб и за Истанбул се откажани. Утринава на скопскиот аеродром не слетал ниту авионот на „Туркиш“ од Истанбул.

Поради временските услови веќе неколку дена на скопскиот аеродром не се реализираат поголем дел од летовите. 

16.01.2014 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега