Голем интерес меѓу прилепчани - сите сакаат да скокаат по крстот на Водици

 

Огромен е интересот на прилепчани да учествуваат во фаќањето на крстот на Богојавление- Водици што ќе се изврши во водите на базенот при хотелот „Сонце“ во Прилеп.

Според отец Блаже Станкоски, од прилепското архиерејско намесништво, се пријавиле преку 200 прилепчани, но ќе учествуваат 92-ца.

- Иако е огромен интересот и одамна не паметиме толку големо пријавување, сепак според капацитетот на базенот може да учествуваат 92- ца прилепчани. Меѓу нив се и три девојки, од кои едно е 12 -годишно девојче, вели отец Блаже Станкоски.

Станкоски вели дека на празникот ќе се одржи и донаторска конференција на бизнис секторот за доизградба на соборниот храм „Света Петка“ во прилепската населба Точила. Тоа ќе биде седма по ред донаторска конференција што ја организира Иницијативниот одбор за доизградба на црквата

16.01.2014 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега