Камен пијан ги одвел најдобрите другарки во смрт - не повикал ни Брза Помош

Пијан со 120 километри на час, Љубомир Милиќ ја предизвикал сообраќајката во српски Жабаљ, во која загинаа две малолетни девојки. Со 1,3 промоили алкохол во крвта ноќта на Стара Нова Година тој предизвикал сообраќајка но наместо да повика помош, тој почнал да им се јавува на пријателите барајќи некој кој ќе ја превзме вината. Поминале повеќе од 45 минути пред да биде изветена полицијата, време кое ја чинело живот една од девојките.

Доколку Љубомир повикал полиција и брза помош веднаш по несреќата, можеби Зорана не би починала на патот до болницата. Но наместо тоа, тој бил толку дрзок и се осмелил да бара од пријателите некој да ја преземе одговорноста за ова ужасно дели, открива извор близок до истрагата за српски Курир.

 

Наместо Љубомир, полицијата ја повикале соседите кои живеат во близина. 

16.01.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега