Џони Деп тајно ја запросил Амбер?

Низ медиумите се шират разни гласини дека познатиот актер Џони Деп наводно ја побарал својата долгогодишна девојка Амбер Херд за жена.

Младата актерка е „фатена“ како ја крие својата рака од фотографите, откако некои медиуми објавија дека Џони и подарил веренички прстен и ја запросил.

Џони и Амбер се запознаа на снимањето на филмот „The Rum Diary“ и поради неа актерот ја прекина врската со француската пејачка Ванеса Паради.

16.01.2014 - 10:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега