Манасков: Да ја победиме Австрија вечерва
Репрезентацијата на Македонија вечерва против Австрија ќе го одигра последниот натпревар во А групата на ракометното Европско првенство, а крилниот играч Дејан Манасков посакува со победа и со два бода да се оди во следната фаза, исто како на претходниот евро-шампионат.
- Атмосферата во репрезентацијата е добра и покрај поразот од Данска и освоениот бод од Чешка, а со борбеност може да стигнеме до победа. И во Ниш во натпреварот од 3.коло го обезбедивме пласманот во втората фаза. Исто и тогаш по два натпревара имавме еден бод и ќе се обидеме да ја повториме традицијата и со тоа да пренесеме два бода во следната фаза, изјави Манасков.
Натпреварот Македонија - Австрија ќе започне во 18 часот и 15 минути. Во терминот од 20 часот и 30 минути, домаќинот Данска игра против Чешка.
Во следната фаза сигурен пласман обезбеди Данска, а останатите три репрезентации се борат за другите две места.
Табела по две одиграни кола: Данска 4 бода, Австрија 2, Македонија 1, Чешка 1
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа