Мртов маж лежи на шините во Скопје Север

Воз прегазил маж на железничката станица во Скопје Север. Како што јавува полицијата, несреќата се случила утрово околу 8:40. Во се уште неразјаснети околности, се уште непознат маж бил прегазен од возот кој сообраќал на релација Скопје - Кичево. Полициска екипа веднаш излегла на терен. Репортер на Press24 веќе се упати кон местото на несреќата. Повеќе детали очекуваме наскоро.

16.01.2014 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега