Шумахер би можел да остане во кома до крајот на животот сметаат германските експерти
Седумкратниот шампион во Формула 1, Михаил Шумахер, би можел да остане во кома до крајот на животот, пишува германскиот неделник „Фокус“, повикувајќи се на мислења на неколкумина угледни медицински експерти за повреди на мозокот од Германија.
Шумахер не може да се опорави ниту по 19 дена од падот за време на скијањето, за да може лекарите да го разбудат од состојбата на кома во која беше ставен за да се помогне опоравувањето на неговиот мозок од последиците од ударот во една карпа.
При вакви повреди лекарите ги оставаат пациентите во состојба на медицинска кома, во обид да се спречат какви било компликации и за да не дојде до дополнително оштетување на мозокот. Според мислењето на лекарите на кои се повикува „Фокус“, доколку повредите на главата не се премногу тешки, пацинетите обично се будат од кома по една до најмногу две недели.
Состојбата на Шумахер е очигледно многу потешка и посеризона.
Германскиот весник „Билд“ тврди дека во овој момент нема никакви планови тој наскоро да биде разбуден од состојбата во која е оставен, уште веднаш по приемот во болницата во Гренобл.
Лекарите кои го го лекуваат Шумахер, велат дека неговата состојба и натаму е критична, иако општата здравствена состојба ја означуваат како стабилна.
Но, и тие, а и германските лекари чии мислења пренесуваат медиумите во Германија, одбиваат да дадат какви било прогнози за здравствената состојба, а уште помалку за тоа како понатаму ќе се развиваат работите.
Германските лекари објаснуваат дека повредите на мозокот се најкомпликуваните во човечкото тело, па затоа сметаат дека давањето прогнози може да биде неумесно. Ако повредите се потешки отколку што сега се оценува, тогаш Шумахер може да остане во кома на неопределено време.
Тешкиот инцидент со Михаил Шумахер кој минатата есен по вторпат се пензионира од Формула 1, ги натера шефовите на возачкиот „циркус“ да ги предупрадеуват тркачите на однесувањето кога се на одмор.
Така, раководството на екипата на „Ред Бул“ му нареди на својот возач Даниел Рикардо, да не сурфа во водите на Индискиот Океан во неговиот роден град Перт во Австралија, поради опасноста од напади на ајкули.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа