Докторот на Џексон виновен за неговата смрт- пресудата е потвредна

Апелациониот суд на Калифорнија ја потврди пресудата на докторот на Мајкл Џексон, кој е осуден на четири години затвор поради убиство од невнимание на поп-ѕвездата во 2009 година.

Во пресудата на 68 страници детално се наведени докази против Мареј, кој во 2011 година е осуден на затворска казна затоа што во јуни 2009 година на Џексон му препишал смртоносна доза од анестатикот „Пропофол“, во време кога пејачот се подготвуваше за турнеата „This Is It“.

-Доказите покажуваат дека господинот Џексон бил ранлива жртва која му верувала на Мареј, а тој таа пријателска доверба ја изневерил прекршувајќи ги професионалните стандарди во голем број аспекти, стои во одлуката на Апелациониот суд.

16.01.2014 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега