САД: Три лица убиени во вооружена пресметка во продавница
Три лица загинаа во вооружена пресметка во една продавница во гратчето Елкхарт во американската сојузна држава Индијан.
Како што пренесува полицијата доцна синоќа добиле пријава дека едно лице отворило оган во супермаркетот „Мартинс“, изјави претставник на локалната полицијата на прес-конференција.
Напаѓачот, кој имал 20-тина години влегол во продавницата и од полуватоматска пушка пукал и убил една жена, а потоа во другиот дел од продавницата уште една. Една од жртвите била вработена во супермаркетот и веројатно станува збор за девојка на возраст од околу 20 години, а другата била купувач и имала околу 40 години.
Претставникот на полицијата изјави дека напаѓачот го вперил оружјето кон уште едно лице, но тогаш пристигнала полицијата и го убила.
Полицијата се уште трага по причините за нападот не се познати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа