Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат комисиите за европски прашања, за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог-законот за користење на податоците од јавниот сектор, во прво читање.

Предлог-одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција ИСАФ во Авганистан, е точката по која ќе расправаат членовите на Комисијата за одбрана и безбедност.

Законодавно-правната комисија ќе расправа по Предлог-законот за изменување на Законот за заштита на сведоци и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, и двата во прво читање

16.01.2014 - 09:49
Фото: 
региони

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега