Македонското Собрание денеска ќе ја одржи 82. седница

Македонските пратеници  денеска ќе ја одржат 82. седница на која ќе расправаат за Предлог-одлуката за испраќање припадник на АРМ за учество во мировната операција на Обединетите нации, УНИФИЛ во Либан.

Во Собранието на дневен ред се и Предлог-законот за ратификација на Договорот за трговија со оружје, Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција, дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за вештачење, во второ читање...

Пратениците треба да дискутираат и за Предлог-законот за реализација на инфраструктурен проект за изградба на магистрален гасовод, Делница „Клечовце - Блок станица 5“, по скратена постапка, за предлог-законите за изменување и дополнување на  Законот за јавните набавки, на Законот за експропријација, на Законот приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, на Законот за вработување и работа на странци, сите во прво читање.

Пред Собранието се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, на Законот за техничката инспекција, на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности, на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, на Законот за јавните патишта, сите во прво читање

16.01.2014 - 09:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега