Кауција од 5 милиони евра за сопственикот на грчката „Алфа“

 

На сопственикот на приватната грчка телевизија „Алфа“, Димитри Контоминас, за кого е издаден налог за апсење во врска со сомнителните кредити што поранешната банка „Хеленик постбанк“ им ги доделувала на локални бизнисмени, му е одредена кауција од пет милиони евра.

 На сопственикот на „Алфа“ му е забрането да ја напушти земјата. Контоминас, кој е обвинет за измама и перење пари, го отфрла обвинението.

Контоминас не е приведен, бидејќи минатата недела кога беше издаден налогот за апсење тој беше во болница, каде го чува силно полициско обезбедување.

16.01.2014 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега