Поранешниот генерален секретар на СДСМ демантира: Не сум уапсен

Михаил Младеновски ја демантира информацијата која вечерва ја објави А1он, дека бил уапсен по тепачка. Тој за Курир вели дека станува збор за лажна информација. 

- Не сум лишен од слобода, ниту сум бил учесник во било какви криминални активности. Барам медиумите кои ја лиферуваа информацијата дека сум уапсен да ми се извинат во рок од 24 часа во спротивно против сите нив ќе поднесам тужба за клевета и нарушување на угледот и честа, вели Младеновски за Курир.

 

15.01.2014 - 23:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега