Даниел проговори за лапсусот на Жељко

Како расте неговата популарност, така растат и понудите на девојките. Дека е така, потврдува и Даниел Кајмакоски.

-Цело време ме поврзуваат со некои девојки. Јас сум сам и во моментов немам никоја. Посветен сум на моето учество во Икс фактор и навистина не размислувам за љубов. Ми пишуваат девојки, ми делат комплименти, ми се додворуваат. Сепак, сега-засега сум сам, но се надевам дека ќе ја најдам вистинската", вели Кајмакоски за Вечер.

Тој потенцира дека вчерашниот коментар на неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ за изведбата на „Чија си", за која кажа дека ја отпеал за прв пат на својот мајчин јазик, бил голема забуна, бидејќи Жељко немал лоши намери.

15.01.2014 - 23:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега